Јетон Беќири по мечот со Пелистер: “Најважно што победивме, Шкендија заслужува поголема почит“

167

Иако далеку потешко од очекувањата, сепак Шкендија успеа со 2:1 да го победи Пелистер и да освои три злато вредни бода. Сега разликата меѓу Шкендија и Вардар, во пресрет на нивниот меѓусебен дуел в четврток од 21.коло, е само четири бода за скопските “црвено – црни“.

По денешниот меч под Шара, свој коментар имаше стратегот на шампионот Јетон Беќири:

Важно е Шкендија да победи и важно е што по натпреварот со Самсунспор, по тој замор, освоивме три бода. Реагиравме откако го примивме голот, а исто така и карактерот на тимот е за поздрав. Ние сме квалитетен тим. Имавме некои проблеми пред натпреварот со некои играчи кои се жалеа на повреди, имавме играчи со картони кои го загрозија следниот натпревар, но мораа да бидат активирани, некои беа активирани, некои дури добија и жолт картон, што искрено го очекував. . Среќен сум со трите бода и тоа е натпревар за заборавање.

За мега – дербито со Вардар, Беќири истакна:
„Секако дека е победа на која се радуваме, бидејќи е четврта победа по ред напролет. Загрижувачкиот факт е што имаме само два дена да се подготвиме за натпреварот со Вардар, за разлика од противникот кој има пет. Верувам дека во овој аспект и во многу други аспекти, не сакам да се вклучам тука, и покрај тоа што сум дел од Шкендија, но Шкендија како клуб заслужува многу поголемо почитување.“

ПретходноСудиски извештај од мечот Шкендија – Пелистер: Сериозни сигурносни и безбедносни пропусти! Кон судиите бил фрлен и скалпел!(ФОТО)
СледноПоради војната на Блискиот Исток: Финалисима тешко дека ќе се игра во Катар, можни опции се Мадрид, Мајами, Лондон…!