Вардар 1961 сепак во составот ќе го има еден од најдобрите ракометари за денешната средба против Бенфика во главната рунда во Европската лига. Тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ на вчерашната прес-конференција откри дека Јака Малус е повреден, но се чини дека не станува збор за нешто посериозно.
Во составот се враќа и голманот Мигел Еспиња и крилото Мамаду Кеита, двајцата не беа дел од тимот против Бенфика на гостински терен. мечот е закажан со почеток во 20:45 часот.










