Во меч од 24.коло во елитната лига на Бугарија, Спартак Варна со 1:0 славеше против Монтана. Стрелец на тој победнички гол и тоа во 90.минута беше македонскиот интернационалец Георг Стојановски, кој секако дека го израдува својот дедо Ѓоко Хаџиевски, кој пак е тренер на тимот од Варна.
Интересно, младиот напаѓач не беше стартер, влезе во игра во 71.минута, за да во 90.минута убаво се снајде пред гостинскиот гол, ја затресе мрежата на Монтата и со тоа му донесе три бода на својот тим.
Голот можете да го видите во 4.29 минута од видеото…










