Потег за почит: Матеј посети навивачка на Железничар повредена при трамвајската несреќа

1550

Македонскиот интернационалец од екипата на Железничар од Сараево, Матеј Цветаноски, минатата недела се здоби со тешка повреда и од теренот на стадионот Грбавица беше префрлен во болница во Сараево. Во истата болница тој денеска имаше средба со храбрата 16-годишна девојка, Ела Ј., која беше тешко повредена во трамвајска несреќа што се случи на 12 февруари во сараевската населба Маријин Двор.

И Ела и Матеј се во стабилна здравствена состојба, а нашиот фудбалер денеска реши да ја посети верната навивачка на нивниот клуб.

„Имав чест да ја запознаам Ела, доказ дека хероите постојат. Едвај чекаме да те видиме на трибините, ќе се вратиме уште посилни“, напиша Цветаноски.

ПретходноГвардиола: Простор за грешки нема
СледноВардар 1961 ја прегази Бенфика за осминафинале во Европската лига (ФОТО)