Шок за Реал и Бразил: Родриго ги скинал лигаментите, ќе го пропушти и Мундијалот!

226
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Шокантни вести од Мадрид. Ѕвездата на Реал Мадрид и бразилската репрезентација, Родриго, доживеа сериозна повреда на коленото!
“Марка“ објави дека Бразилецот почувствувал болка во коленото по натпреварот со Хетафе и дека првичната прогноза не е добра, бидејќи се сомнева дека лигаментите се скинати и дека ќе биде надвор од теренот неколку месеци. Тоа значи дека заврши сезоната за него, а значи дека и ќе го пропушти претстијниот Мундијал.
Реал Мадрид сè уште не дал соопштение, но сите релевантни извори денес попладне откриваат дека повредата е најсериозната можна.
Во случај на кинење на предните вкрстени лигаменти, најкратката можна пауза е помеѓу шест и седум месеци, што значи дека во тој случај Родриго сигурно ќе го пропушти Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Се очекува Родриго потенцијално да биде подготвен да се врати дури на есен, односно кога сезоната ќе започне сериозно.

ПретходноГеорг Стојановски со гол во 90.минута му донесе победа на својот Спартак! (ВИДЕО)
СледноСепак Роналдо не побегнал од С.Арабија: Португалецот е во Ријад и си тренира!(ФОТО)