Американецот уште долго ќе биде дел од Јувентус

30

Американскиот интернационалец во редовите на Јувентус, Веастон Меккини и официјално потпиша нов договор со тимот кој е важечки до 2030 година.

Финансискиот дел од истиот е познат и тој вели дека Меккини ќе заработива 4.2 милиони по сезона плус бонуси.

Американецот игра одлично сезонава и е статистички на одлично ниво. Има осум гола и седум асистенции на 38 мечеви.

Англиските тимови како и Интер и Милан биле заинтересирани да го ангажираат следното лето доколку тој не потпишеше нова соработка со тимот, но Меккини се одлучи да остане онаму каде што очигледно му е добро.

ПретходноАрбелоа: Јас сум виновен за овој пораз
СледноЖенската А репрезентација поразена во Баку од Азербејџан