Им донесе четири големи трофеи, па му врачија отказ

175
фото: GOAL @goal (X)

Бразилскиот фудблски гигант Фламенго на својата официјална веб-страница објави дека ја раскинува соработката со главниот тренер Филипе Луис. Заедно со Луис, клубот го напуштија и неговиот помошник Иван Паланко и фитнес тренерот Диого Линхарес.

Под водство на Луис, Фламенго го освои Бразилското првенство, Бразилскиот куп, Бразилскиот Суперкуп и Копа Либертадорес. Тимот, исто така, се натпреваруваше на Светското клупско првенство на ФИФА во 2025 година.

Засега нема информација кој ќе биде неговиот наследник.

ПретходноКаков пресврт: Клоп си оди од Ред Бул, а го менува Гласнер?!
СледноПолувреме: Вардар со „плус“ еден и полна сала против Бенфика