Искусниот македонски напаѓач Илија Несторовски, повторно се најде во изборот на најдобриот тим во хрватскиот шампионат. Со голот на натпреварот против Истра, Несторовски му донесе победа на Славен Белупо и го заслужи местото во изборот на најдобрите за 24. коло.
За нашиот интернационалец ова беше шести погодок оваа сезона во хрватскиот шампионат, на кои има и три асистенции.
Во тимот на ова коло во хрватска се најде и поранешниот наш репрезентативец Жута, кој исто така е дел од екипата на Славен Белупо.
View this post on Instagram










