Дамјаноска: Сите сме мотивирани за овој важен двомеч со Белгија

95

Македонската женска ракометна репрезентација вечерв (20:10 часот) го игра првиот од двата дуели против Белгија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.

Селекторот, Кристијан Грчевски и неговите избранички играат на гостински терен, а целта е јасна, да се обезбеди победи пред реваншот, кој е закажан за три дена во Куманово, за да остане сонот за пласман на континенталното натпреврување.

„Веруваме дека и двата меча ќе ги поминеме на најдобр можен начин, иако сме млада екипа. Сите сме мотивирани за овој важен двомеч со Белгија. Се чувствува мал притисок, но се надевам дека секоја девојка ќе го надмине тоа и ќе покажеме и докажеме што сме работеле во изминатиот период“, изјави Катерина Дамјаноска. 

Вториот дуел се игра во Куманово, а билетите веќе се во продажба по цена од 100 денари.

ПретходноИграше за Холандија, а потоа кокаинот го однесе во беда, насилство и уништен живот
СледноПочина долгогодишниот прв човек на европската одбојка Александар Боричиќ