Дисциплинска комисија при ФФМ: Постапка против ФК Шкендија за лоша организација на дуелот со Пелистер

249

Стандардно по секое одиграно коло во ПМФЛ конкуренцијата, органите на ФФМ си ја вршат задачата и носат одлуки во сооднос со настаните.

Па така, по изминатото коло Дисциплинската комисија одлучи да поведе постапка против тимот на Шкендија за лоша организација на дуелот во Тетово, против тимот на Пелистер. Истиот заврши со домашна победа од 2:1, но ФФМ има сериозни забелешки на организацијата.

Се поведува дисциплинска постапка против ФК Шкендија за натпреварот од 20. коло помеѓу ФК Шкендија и ФК Пелистер, поради слаба организација. Во текот на натпреварот од страна на домашната публика биле фрлани метални пари, запалки и пластични шишиња на теренот. Четвртиот судија бил погоден со запалка и метални пари, а кон него бил фрлен и скалпер, кој паднал во негова близина.

По завршувањето на натпреварот, кога судиската четворка се упатила кон соблекувалните, повторно биле фрлани предмети кон нив. Исто така, неслужбено лице влегло на теренот и вербално ги нападнало судиите. Откако судиската четворка влегла во службените простории, истото лице ги следело, навредувало и се обидело физички да се пресмета со нив.

Баже Илијоски, тренер на ФК Македонија Ѓ.П., се казнува со забрана за вршење функција во траење од еден месец.

Дејан Лескароски, тренер на ФК Струга Трим Лум, се казнува со забрана за вршење функција во траење од еден месец.

Филип Тодороски, фудбалер на ФК Кожуф, се казнува со забрана за настап на два натпревари.

Мартин Богданоски, фудбалер на ФК Новаци, се казнува со забрана за настап на два натпревари.

ПретходноФФМ со прекрасен гест: По повод 8 март, влезот на дуелот Македонија – Андора е бесплатен
СледноМакедонија ЃП од негатива до победа против Работнички (ВИДЕО)