Младиот македонски кошаркар, Андреј Шошкиќ, повторно беше еден од најдобрите поединци на екипата на Стони Брук против Таусон Тајгерс во ЦАА лигата.
Домаќините одиграа две различни полувремиња, прво во кое го добија ривалот со 36:27 и второ во кое потфрлија на двете страни на теренот и дозволија гостинот со 42:21 на крајот да се избори за убедливо славје од 69:57.
Андреј на овој меч влезе од клупата, заврши со 11 поени, 2 скока и по една асистенција и блокада.










