Вардар се сака од мали нозе, љубовта се пренесува од генерација на генерација (ФОТО НА ДЕНОТ)

96

И натаму во центарот на вниманието е синоќешната атмосфера во СЦ „Јане Сандански“. Вардар 1961 пред полни трибини извојвуа убедлива победа против Бенфика, а трибините беа исполнети до последно место.

Навивачите одговорија на апелот на ракометарите и потсетија на старите добри времиња кога во оваа сала паѓаа ракометни великани, а Вардар маршираше кон титулите во ЛШ.

На трибините во „црвено-црни“ обележја можеше да се видат и млади фанови. Вардар е религија, па љубовта кон овој клуб се пренесува од генерација во генерација. Од мали нозе се создава навивачката култура.

ПретходноСабаленка официјално има свршеник (ВИДЕО)
СледноСлот: Шансите се тука, но не ги реализираме