Галатасарај казнет со 40.000 евра и ќе биде без навивачи на „Енфилд“

37

Галатасарај, пак, е казнет со 40.000 евра и клубот нема да има простор за свои навивачи на следниот натпревар на гостински терен од Лигата на шампионите како казна за навивачките немири против Јувентус.

И паричната казна и забраната беа потврдени со соопштение на официјалната веб-страница на Галатасарај.

Овие инциденти се случија на реваншот од плејофот за Лигата на шампионите, кој се одржа на стадионот „Алијанц Јувентус“ во Торино на 25 февруари. Локални медиуми известија дека околу 50 лица се обиделе да влезат на стадионот без валиден билет, кршејќи ја бариерата и оштетувајќи ги автобусите што ги превезувале од центарот на градот до арената.

ПретходноСудискиот одбор: Одлуките на мечот Тетекс – Брегалница се донесени согласно правилата, нема влијание врз исходот. Отворена покана за анализа во ВАР центарот на ФФМ
СледноПотврдено: Барса без Жил Кунде и Алехандро Балде