Македонија ЃП од негатива до победа против Работнички (ВИДЕО)

240

Тимот на Македонија ЃП успеа на свој терен во рамките од 21. Коло од ПМФЛ шампионатот на свој терен денеска да го совлада тимот на Работнички со конечни 3:1 и на тој начин да освои многу значајни бодови во битката за опстанок во оваа сезона.

И покрај лошиот старт на мечот во кој гостите од Градски парк во 13 минута дојдоа до рпедност сепак, домаќинот успеа да направи комплетен пресврт уште пред полувреме. Шансата на Сухељ Мухарем донесе корнер, а по него, Мартин Талаков со помош на одбраната на Македонија ЃП, која што не реагираше најдобро успеа да погоди против сега веќе својот поранешен тим.

Николовски две минути подоцна се обиде од далечина, а потоа на сцена стапи домаќинот.

Пресврт уште пред полувреме

Пред се колумбиоецот Гереро кој што по таа своја лева страна на денешниот меч беше несопирлив. Крилото асистираше по земја, а Николиќ не успеа да ја зафати топката на петерецот, за да истиот играч во 28. Минута има зицер ситуација со глава која што не ја користи.

Сепак, во 38. Минута Гереро убаво нафрли, а Али Адем помеѓу тројца гостински дефанзивци успеа да ја зафати топката со глава и да реализира за 1:1.

Во следната ситуација Гереро повторно го ангажира Николиќ овој со „ножички“ се обиде, а спасува Мерџани.

Конечно, во последната минута од првиот дел, Гереро со додавање за Николиќ, овој со прекрасна ролинг асистенција го вработи Стојчевски на подалечниот дирек, а овој со прецизен удар израмнува на 1:1.

Во вториот дел Никола Манојлов во 54. Минута имаше мат позиција за израмнување, биеше без да ја прими топката, а таа замина сантиметри покрај левиот дирек од голот на Јанков.

За да во 58. Минута гостите прават кардинална грешка и дозволуваат повторно да примат гол. Холанѓанецот Крантхове во обид да врати една топка за својот голман Ондоа тоа го направи очигледно лошо, чуварот на мрежата на Работнички ја промаши топката, таа замина накај голот, а Николиќ само го потврди двојното водство на домашните во празната мрежа.

Нововлезениот Хоџа во 72. Минута имаше позиција за да се закани, но шутираше млако, а Јанков беше сигурен. Аколатсе три минути подоцна се обиде од дистанца но преку голот на домашните.

Со оваа победа тимот на Македонија ЃП стигна до 23. Бода сезонава и деветтата позиција на табелата, додека пак Работнички е претпоследен со досегашните 13.

 

ПретходноДисциплинска комисија при ФФМ: Постапка против ФК Шкендија за лоша организација на дуелот со Пелистер
СледноТиквеш со „петарда“ во мрежата на Арсими (ВИДЕО)