Медведев, Рубљов и Качанов платиле по 2000 долари за да избегаат од Дубаи во Оман

172

Руските тенисери Данил Медведев, Андреј Рубљов и Карен Качанов успеале да избегаат од Дубаи и за тоа платиле 2.000 долари. Тие играа во финалето на турнирот во Дубаи, кое го освои Медведев, но успеаја да се евакуираат на време за да стигнат на почетокот на Мастерсот во Индијан Велс.

Пред неколку дена започнаа конфликти на Блискиот Исток , а ниту Дубаи не беше поштеден, па воздушниот простор беше затворен. Како што потврди за РИА Новости Марина Маренко, мајката на Андреј Рубљов, тенисерите сепак успеале да пристигнат во Истанбул, од каде што ги чекаше лет за Лос Анџелес, а потоа одат на Индијан Велс.

Русинот потврди дека сè било организирано од АТП. ​​Тенисерите не отишле директно од Дубаи во Истанбул, туку најпрвин пребегале во Оман. Шпанскиот весник „Марка“ пишува дека руските тенисери најверојатно отишле во Оман со автомобил и дека платиле 2.000 долари за патот, што станало вистински бизнис за жителите на Дубаи, кои плаќаат луѓе да ги возат до граница.

Медведев, Рубљов и Качанов се слободни во првото коло на Индијан Велс.

ПретходноНајдовски: Да се поправиме од претходниот меч и да стигнеме до бодови против Арсими
СледноПотврдено: Македонија и Скопје домаќини на Светското во ракомет за младинци (У21)