Најдовски: Да се поправиме од претходниот меч и да стигнеме до бодови против Арсими

69

Денеска стандардно продолжува домашниот ПМФЛ шампионат поточно се игра дел од тековното 21. коло. Во него, тимот на Тиквеш гостува во Гостивар каде што ќе одигра доста важен дуел против домаќинот Арсими.

Двата тима се многу блиску на табелата и ги делат само два бода. Арсими е седмопласиран со 26, а кавадарчани се место подолу со два пода помалку. Со евентуален триумф на Тиквеш нештата ќе се променат на оваа тема.

Тиквеш во овој дуел влегува во домашниот пораз од Силекс. На тој дуел како што вика стандардниот Никола Најдовски сезонава, работите не одеа како што треба.

„На претходниот натпревар не бевме на посакуваното ниво и реално одигравме под нашите можности. Тоа не е сликата што сакаме да ја покажеме. Натпреварот го анализираме, ги увидовме грешките и знаеме каде треба да се подобриме. Нѐ очекува еден исклучително важен натпревар во Гостивар, максимално ја респектираме екипата на Арсими, мора да влеземе со силна желба, максимално мотивирани и фокусирани од првата до последната минута за да дојдеме до посакуваниот резултат. Нѐ очекува натпревар што сигурно ќе привлече внимание. Верувам дека ќе биде динамичен и борбен, со многу дуели и интензитет. Свесни сме дека нема да биде лесно, но токму вакви натпревари се предизвик и можност да покажеме зрелост и карактер. Ако бидеме трпеливи, тактички дисциплинирани и ја задржиме концентрацијата во текот на сите 90 минути, мислам дека имаме реални шанси да оствариме позитивен резултат. Мислам дека покажавме квалитет претходно, но во фудбалот се случуваат и вакви падови, имавме лош ден, едноставно ни недостигаше нашата препознатлива енергија и агресија но тој натпревар е архивиран и мора да се подобруваме на секој нареден“ – вели Никола Најдовски пред денешниот дуел.

ПретходноТрамп за настапот на Иран на СП 2026: Не ми е гајле дали ќе играат!
СледноМедведев, Рубљов и Качанов платиле по 2000 долари за да избегаат од Дубаи во Оман