Последен домашен меч за Пелистер во ЛШ: ПСЖ не доаѓа секој ден во Битола, сакаме полна сала

54
ФОТО: RK Pelister/FB

Пелистер го игра последниот меч на домашен терен во групната фаза во Лигата на шампиони. Вечерва (20:45 часот) во салата „Боро Чурлевски“ гостува тимот на ПСЖ, кој се бори за место погоре на табелата пред стартот на главната рунда.

Што се однесува до битолчани за место во следната фаза имаат минимални шанси, но тоа се математики, кои велат дека им требаат две победи. Избраниците на Стевче Алушовски го имаат ремито против ГОГ на гостински терен, кое ја врати самодовербата во редовите на битолскиот тим кога станува збор за мечевите во ЛШ.

„Се подготвуваме како и за секој натпревар, ни гостува гигантот ПСЖ кој оваа година во првата полусезона не играше според очекувањата. Се работи за тим составен од голем број француски репрезентативци и интернационалци кои се едни од најдобрите на своите позиции, така што ни следи тежок меч, со многу трчање, доколку успееме да го контролираме нивното темпо кое го наметнуваат при транизиција, имаме добри шанси да бидеме во добро светло. Со наша добра игра и карактер, да извојуваме добар резултат. Последен меч за нас дома, ПСЖ не доаѓа секој ден во Битола, па се надевам на голема поддршка и ги повикувам сите љубители на ракометот, заедно да направиме еден добар и историски резултат за нас.

Ние шансите за пласман ги загубивме, но сите овие силни натпревари против ПСЖ и Барселона ќе ни послужат и се добредојдени за екипата од ден во ден да расте. Кажав дека краток период сме заедно и секој еден ваков меч е додадена вредност во однос на тоа што значи како ќе се поставиме во играта во одбрана и во напад. Двата исклучително тешки мечеви со ПСЖ и Барселона ќе ги користиме за подготовка со Вардар. Нашиот фокус е кон домашното првенство, но тоа не значи дека во ЛШ нема да играме на нашиот максимум“, изјави тренерот на Пелистер Стевче Алушовски.

Претходно„Арсенал ќе биде шампион со најгрдата игра во историјата на лигата“
СледноШошкиќ уште еднаш двоцифрен во дресот на Стони Брук