Манчестер Јунајтед е еден од тимовите кои се „сопна“ вечерва во Премиер-лигата, откако на гостувањето кај Њукасл беше поразен со 2-1. Гордон го отвори мечот за 1-0, но Касемиро пред одморот израмни на 1-1. Победничкиот гол за домашниот тим го постигна Осула и тоа во 90. минута.
Јунајтед загуби за прв пат откако Мајкл Карик ја презеде екипата, но сепак е трет на табелата со 51 бод, исто како и четвртопласираната Астон Вила.
Јунајтед и Вила се соочуваат со тешка битка за Лигата на шампионите со Челзи и Ливерпул. Англија ќе има пет претставници во елитното натпреварување следната сезона, па нема да има место за еден од овие тимови, бидејќи Арсенал и Манчестер Сити се сигурни.
На останатите средби Челзи славеше убедливо против Астон Вила со 1-4, Арсенал беше минимално подобар од Брајтон со 0-1, Вест Хем славеше против Фулам со 1-0, Сити киксна против Њукасл 2-2.










