Манасков: Со ваква игра и пред домашна публика – тешко ќе не победи некој во Супер-лига!

435

Пелистер на дело покажа дека може да се носи со големи имиња во Лигата на шампиони. Македонскиот првак го запиша второто реми сезонава, овој пат против ѕвездениот ПСЖ. Во самиот финиш Дејан Манасков постигна гол и ги постави конечните 34-34. Ова беше последен меч за Пелистер на домашен терен во ЛШ.

„Возбудлив натпревар, кој можеше да заврши и со нашата победа, но и со пораз. На крај успеавме да постигнеме гол во самиот финиш и да освоиме бод. 
Мислам дека се покажавме во одлично светло за последен пат оваа сезона во Лигата на шампиони во Битола. Ова е патот по кој што треба да чекори тимот во првенството. Кога играме на вакво ниво и пред домашна публика, тешко дека немој може да не победи во Супер-лигата. Треба повеќе да веруваме во себе и да ги намалиме техничките грешки во клучните моменти“, рече Манасков.

ПретходноБелгија испиша историја, Грчевски после поразот: Не се справивме со сопствениот притисок!
СледноЊукасл со десет играчи го победи Јунајтед, заврши серијата на Карик