Работнички како клуб, има сериозна тежина во македонскиот фудбал. Со години, децении стандарден прволигаш, еден од нашите најуспешни клубови во ПМФЛ но и надвор во Европа, трофеен тим со шампионски и куп титули.
Она што во моментов му се случува на херојот од Дебар Маало е за анализа која што треба да ја направат фудбалските работнички и како дочека клубот расадник на таленти и македонски репрезентативци да испаѓа од највисок ранг.
Клубот тоне, претпоследен е на табелата бодовите бегаат на сите страни. Конкретно денеска, останаа во Ѓорче Петров каде што Работнички загуби од Македонија ЃП со 3:1.
И покрај фактот што поведе со голот на Талаков, Работнички уште пред полувреме губеше со 2:1. А во вториот дел „благодарение“ самите на себе, гостите пред се голманот Фабрис Ондоа ќе го има на сите социјални мрежи и видеа за потсмев. Камерунецот кој инаку своевремено бил дел од Барселона и Севиља направи таков смешен кикс, и прими гол што е неверојатно да се поверува. Да така школуван чувар на мрежата прави такви глупости и прима минимум по два три гола на натпревар.
Дека Работнички заслужува ова да му се случува секако дека не. Дека Ондоа е достоен да биде на голот на нашиот трофеен клуб, уште помалку. Совет до менаџментот, стручниот штаб, сопственикот. Подобро дајте му шанса на некој младинец кој ќе собира прволигашко искуство и клубот ќе го има за во иднина, одколку Работнички да биде тема за подсмев и пример како не треба.















