Уште едно одлично издание на македонскиот првак во Лигата на шампиони, овој пат против ѕвездениот тим на ПСЖ. Пелистер на последниот меч на домашен терен во групната фаза во ова натпреварување запиша реми против францискиот тим од 34-34. Дејан Манасков во финишот релизираше од контра-напад за голем бод и го фрли во очај противникот за кого бодовите се многу важни за следнат рунда.
Капитенот Филип Кузмановски со 10 гола беше лидер во редовите на Пелистер. Зад него беше Дејан Манасков со пет погодоци. Омар на другата страна имаше 10 гола.
Францускиот тим ја имаше контролата на резултатот во првото полувреме, но се издвојуваше играчки премногу, на двапати водеше со четири гола разлика (9-13 и 10-14). Хеидарирад влезе на местото на Митревски и успеа да го подгине својот тим. После 15-18 на одморот битолчани не застанаа, продолжија да му создаваат проблеми на противникот со дв гола во низа (Манасков и Кузмановски) израмни на 24-27 во 42-та минута, а подоцна капитенот Кузмановски од седум метри го донесе првото водство на својот тим на мечот (27-26).
Македонски првак не застана, со нови голови на Кузмановски и Тајник дојде на плус два (29-27) на стартот на 50-та минута. ПСЖ со 3-0 го врати минималното водство 29-30 на нецели осум минути до крајот, откако Пелистер направи две грешки во низа. ПСЖ го искористи исклучувањето на Хенигман, и повторно дојде на плус два 30-32. Алушовски во 55. минута повика тајм-аут, Граховац одговори за 31-32. При 31-33, Стејнс доби исклучување, а Кузмановски реализираше пенал за 32-33 на минута и пол до крајот.
По голот на Пранди за 32-34, никој не очекуваше дека оваа вечер ќе се слави во Битола. Хосни имаше одговор за 33-34. Останаа 12 секунди, ПСЖ не реализираше, поточно Хеидарирад одбрани, а Манасков истрча во контранапад и погоди за реми 34-34.
Во последниот натпревар во ЛШ, македонскиот првак е гостин на Барселона.










