Слот: Шансите се тука, но не ги реализираме

29

Тимот на Ливерпул доживеа уште едно големо разочарување вчера откако во рамките од 29. коло од Премиер лигата загуби со 2:1 од тимот на Вулверхемптон.

Ситуацијата во таборот на „Редси“ е алармантна, затоа што неуспесите се редат, се повеќе се зборува за евентуална смена на Арне Слот, а тој пак по вчерашниот дебакл рече дека шансите се создаваат но не и користат.

„Лош резултат. Нашата игра во првото полувреме беше далеку од добра, додека во второто полувреме бевме малку поактивни. Се приближувавме сè повеќе и повеќе до голот, но наместо тоа примивме гол првиот пат кога противникот влезе во нашиот шеснаесетник“, коментираше Слот па додаде.

„Веднаш реагиравме и двапати бевме блиску до постигнување на победничкиот гол, но на крајот загубивме по одбиена топка таму немаше ниту вистинска ситуација за гол“, продолжи Холанѓанецот.

„Двојно е разочарувачки со оглед на тоа колку труд треба да вложиме за да постигнеме гол. Споменав пред натпреварот дека постигнуваме голови главно од прекини. Создаваме доволно шанси, но тешко ни е да ги претвориме во голови“, додаде тренерот на Ливерпул.

 

ПретходноВардар се сака од мали нозе, љубовта се пренесува од генерација на генерација (ФОТО НА ДЕНОТ)
СледноВардар го има првото изненадување во Купот на Македонија