Стојчевски: Се знае што значат домашните мечеви за МЃП, само победа

39

Екипата на Македонија ЃП пролетва веќе направи еден кикс на свој терен кога во рамките од 19. коло во Ѓорче Петров загуби од екипата на Тиквеш. Сега, кога по распоред е нов дуел од ПМФЛ шампионатот, „лавовите“ имаат само една задача, а тоа е оавојување на три бода.

Противникот е по мерка, онаков каков што и се посакува кога победата е императив. Тимот на Работнички се мачи сезонава, претпоследен е на табелата, и тоа значи само едно. Домашни бодови се реалност.

„Нормално е да посакуваме победа. Тоа не е нешто што би изненадило неккого. Ние секогаш кога излегуваме на терен посакуваме да победиме. Секој домашен меч сезонава за нас е од огромна важност и нормално е со таков пристап да влегуваме. Секоја чест кон Работнички квалитетен тим, местото на табелата не ја одсликува силата на оваа екипа, но ние веруваме во нашиот квалитет и ќе го дадеме максимумот. Бодовите нас ни се неопходни, и вакви шанси за нивно освојување не смееме да пропуштаме повеќе“ – изјави Филип Стојчевски.

ПретходноСимеоне: Сакам да играме со Барса и во четвртфиналето на Лигата на шампионите
СледноБесагиќ: Против Тиквеш влегуваме со победнички менталитет