Шах-мат: Трилерот во Битола во режија на Хеидарирад и Манасков (ВИДЕО)

306

Пелистер вечерва е во центарот на вниманието во цела ракометна Европа. Македонскиот првак по голема драма успеа да му земе бод на големиот ПСЖ. Францускиот тим беше дојде по двата бода, вредни за следната рунда, но не помина како што очекуваше.

Во самиот финиш, гостите имаа околу 12 секунди за да стават печат на победата, Хеидарирад ја запиша највредната одбрана, а Манасков погоди за конечни 34-34.

Како изгледаше драмата во преполната сала „Боро Чурлевски“ погледнете во продолжение.

ПретходноСензација во Битола – Манасков го фрли во очај ПСЖ!
СледноБелгија испиша историја, Грчевски после поразот: Не се справивме со сопствениот притисок!