АБА 2: ТФТ поразен на гостувањето кај Јахорина

81
фото: ABA 2

Кошаркарите на ТФТ не успеаја да ја продолжат победничката низа во АБА 2 лигата. По три последователни порази, момците на Боро Смилоковски вечерва загубија на гостувањето кај Јахорина со 92:84.

Домашните практично беа во водство во текот на целиот натпревар и до самиот крај не им дозволија на нашите момци да се вратат во игра за победа. Ова беше третиот пораз на ТФТ кој го остава во ТОП 8 на табелата.

Дејвис и Говенс со по 21 поен беа најефикасни во составот на ТФТ, додека кај Јахорина доминираше Ковачевиќ со 25 поени.

ПретходноБерат Имери на клупата на Шкендија (А)
СледноПоради сексистички изјави за судијка доби суспензија од 12 натпревари!