Ашковски и Асани поминаа голгота, денеска заедно го гледаа големото дерби!

528

Големото дерби меѓу Вардар и Шкендија денеска го проследија Стефан Ашковски и Јасир Асани. Пред неколку дена поминаа голгота поради војната на Блискиот Исток, а денеска двајцата се појавија на стаднионот „Петар Милошевски“.

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Ашковски и некогашното дете на Вардар, Асани се вратија од Турција. Со тоа што Асани му помогна на Ашковски да најде транспорт и да се спаси од хаосот кој владее во Иран, за каде и самиот вели дека над него летале бомби.

Убаво е да се видат и двајцата фудбалери заедно на денешниот меч.

ПретходноОд Шкендија до Шкендија: Прекината серијата на Вардар без пораз на домашна сцена!
СледноХамилтон пред стартот на сезоната: Готово е!