Артета: Голема победа за нас

54

Екипата ан Арсенал синоќа обезбеди нова победа во премиерлигашкиот шампионат против тимот на Брајтон од 1:0. Триумфот е исклучително важен во битката за највисок пласман сезонава, затоа што сега Арсенал има седум бода предност пред екипата на Манчестер Сити.

Менаџерот Микаел Артета, нормално беше поприлично задоволен од исходот, и тоа не го криеше во пост меч изјавата.

„Ова е огромна победа. Знаевме колку ќе биде тешко. Се враќаме од многу тежок натпревар со многу интензитет, со играчи кои навистина даваат сè од себе во секој натпревар. Да дојдеме тука и да го постигнеме овој резултат со сите тешкотии и да не можеме целосно да тренираме во последно време, мислам дека е извонредно“, рече Артета па додаде.

„Голема чест за момците бидејќи трудот што го вложија е астрономски. Имаше одредени работи што требаше да ги направиме подобро денес, но посветеноста и желбата за победа што ја имаат се неверојатни. Ги сакам моите играчи. Тоа е најважниот момент за мене – ги сакам, ги сакаме и го сакам начинот на кој се натпреваруваме“, додаде Шпанецот.

 

ПретходноЉупчо Марковски повеќе не е тренер на Шкендија Арачиново
СледноМали навивачи, голема љубов: Иднината на Пелистер расте на трибините (ФОТО)