По денешниот триумф во Скопје на дербито со Вардар, тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, не го криеше задоволството од победата.
„Нормално го гледав како натпревар во кој моравме да победиме. Дојдовме да победиме и победивме. Не сум изненаден од победата бидејќи, да бидам искрен, ја очекував, се подготвувавме за неа, ја сакавме и сакам да им честитам на играчите за нивната посветеност. Иако, за разлика од противникот, имавме само два дена да се подготвиме за натпреварот. Задоволен сум од серијата победи во првенството. Сепак, сè уште не сум задоволен додека тимот е на второто место. Додека не дојдеме до првото место, мора да стоиме цврсто на земја, да се посветиме максимално на секој натпревар, бидејќи дури и птиците во Македонија знаат кој тим е најдобар, но ние мора да го материјализираме тоа на табелата“, истакна Беќири.















