„Богдан Богдановиќ се враќа во Партизан“, оваа изјава ја даде легендарниот Данило Галинари во гостување на еден поткаст. Италијанецот зборуваше за крајот на кариерата и понудите од Евролигата, но го спомена и името на српскиот кошаркар, кој очигледно му открил дека сака да се врати дома.
„Имав и добив понуди од Евролигата, Италија, Јапонија, Кина… Имав многу понуди, но решив да престанам со кошарката“, изјави Италијанецот.
На прашањето за Богдан Богдановиќ со кого играше во Атланта, тој изјави:
„Богдан дефинитивно се враќа во Партизан. Боги се враќа“, рече тој.
Она што е сигурно е дека црно-белите нема да имаат ништо против враќањето на Богдановиќ, а претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ, неодамна зборуваше на оваа тема.










