ЕХФ одложи нов натпревар поради војната на Блискиот Исток

39

Европската ракометна федерација го откажа натпреварот Грција – Израел за жени во квалификациите за ЕУРО 2026, првично закажан за недела, 8 март во Кожани. Во неделата, ЕХФ веќе го одложи натпреварот од 3-то коло, Израел – Грција, кој требаше да се игра на 4 март во Ришон-ле-Зион.

„Одлуката за одложување на натпреварот во Грција следува по интензивната и многу конструктивна комуникација помеѓу ЕХФ, Грчката и Израелската ракометна федерација, оценувајќи ја опцијата двата натпревари да се играат во текот на два дена во Грција, а истовремено да се следи ситуацијата на Блискиот Исток и нејзиното влијание врз опциите за патување и безбедноста.

На крајот, сите напори беа засенети од развојот на настаните во регионот.

Со оглед на многу неизвесната прогноза за следните денови и во интерес на заштитата на благосостојбата на сите страни, ЕХФ одлучи двата натпревари помеѓу Израел и Грција во квалификациите за ЕУРО 2026 за жени да бидат откажани и одложени до понатамошно известување.

Секое алтернативно презакажување на тие два натпревари на подоцнежен датум ќе биде разгледано во посебна постапка“, се вели во известувањето на ЕХФ. 

ПретходноМали навивачи, голема љубов: Иднината на Пелистер расте на трибините (ФОТО)
СледноУште ова фалеше во НБА: Шај Гилџес-Александар ли е мечка ли е!? (ВИДЕО)