Карик: Ова не беше наша ноќ

136

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не го криеше своето незадоволство од лошиот настап на неговите избраници на синоќешното гостување кај Њукасл, во рамките од новото коло во Премиер лигата, кое патем „Ѓаволите“ го загубија со 2:1.

Иако Јунајтед играше со играч повеќе цело полувреме, тоа домаќините не ги спречи да одиграат фајтерски, со срце и да дојдат до трите бода на крајот.

„Не сме задоволни од начинот на кој игравме вечерва. Имавме голема контрола на натпреварот, но мора да му оддадеме признание на Њукасл за нивниот пристап. Знаевме дека ќе биде тешко, но се најдовме во позиција каде што можевме да градиме врз тоа, но не го сторивме тоа. Навистина сме разочарани. Не мислам дека беше проблем тоа што беа со 10 играчи, едноставно не игравме доволно добро. Не можеме да наоѓаме изговори за тоа. Сите имаме одговорност“, рече Карик па додаде.

„Се работеше за квалитетот на играта, а не за недостатокот на карактер или желба за победа. Лесно е да се извлечат такви заклучоци само затоа што не сте победиле на фудбалски натпревар. Њукасл заслужи да победи вечерва, ме боли што го кажувам тоа. Така е. Мора да се вратиме на работа и да бидеме подобри во следниот натпревар“, додаде менаџерот.

ПретходноШампионот е главен и во Њујорк (ВИДЕО)
СледноЈанкулов: Дерби меч може да одлучи првенство, а време е Вардар да се врати на победничкиот пат