Од Шкендија до Шкендија: Прекината серијата на Вардар без пораз на домашна сцена!

186

Дури во 41 меч во низа на домашна сцена, Вардар, нашиот најтрофеен клуб е поразен, прекината е таа фантастична серија на тимот на Гоце Седлоски која траеше повеќе од една година.

На 16 февруари минатата година, во првиот меч од пролетниот дел од минатата сезона, Шкендија на Арената во Скопје го победи Вардар со 1:2 Тогаш ретко кој помислуваше дека Вардар следниот пораз ќе го доживее дури на 05.03.2026 година и тоа повторно од Шкендија, која денеска во мега – дербито на мак – фудбалот со голот на Лиридон Љатифи, успеа да слави среде Скопје.

Само да појасниме, Вардар беше елиминиран од Купот на Македонија во 1/4 финалето пред неколку дена од второлигашот Охрид, но на пенали, во регуларниот дел беше 1:1. Значи и тој меч влегува во оваа серија без пораз.

Јасно е дека овој пораз на Вардар доаѓа во многу незгоден момент и тоа на едно коло до крајот на вториот круг. Во тоа 22.коло или последно од вториот круг, Вардар има тешко гостување кај Силекс, додека Шкендија ја дочекува дома Брера.

Па така Вардар ако сака третиот круг да го започне како лидер и во последното коло да биде домаќин на Шкендија во евентуалниот решавачки меч за титулата во мај, ќе мора да победи во Кратово.

Сепак до крајот има уште мноугу да се игра, уште 12 кола, но од друга страна по денешниот пораз Вардар сега има само +1 бод пред Шкендија.

Во секој случај се очекува супер интересна битка за титулата меѓу нашите “црвено – црни“ гиганти од Скопје и од Тетово.

Ова е и прв пораз на Вардар во тековниот шампионат.

ПретходноШкендија го доби големото дерби против Вардар
СледноАшковски и Асани поминаа голгота, денеска заедно го гледаа големото дерби!