Неверојатен натпревар денеска одиграа младинците на РК Мулти Есенс, кои со 86:17 (42:8) славеа во мечот со РК Вардар Неготино во рамки на шампионатот на Македонија.
Покрај неверојатно убедливата победа за домашните, мечот ќе остане во историјата како натпревар на кој еден ракометар постигна рекордни 37 гола. Станува збор за кадетскиот репрезентативец на Македонија, Бобан Поповски, кој имаше рекордна вечер за паметење.










