Денеска целиот фокус на македоскиот фудбалски свет е на комплексот Петар Милошевски во Скопје, каде што од 14:00 часот, лидерот на ПМФЛ конкуренцијата, тимот на Вардар, во рамките од новото 21. Коло ќе го пречека актуелниот бранител на титулата во домашниот шампионат, тимот на Шкендија.
Убедливо најинтересниот и најважен меч пролетва се игра денеска „на ФФМ“, а очекувањата од двете страни секако се позитивен епилог и освојување на бодовите.
Вардар е лидер и домаќин има нијанса поголем притисок врз себе, што е и нормално. Шкендија пак повеќе го нема товарот на играње во Европа, па тетовци можат словодно да се фокусираат на домашните обврски.
Едно е сигурно дека денеска во Скопје ќе гледаме добар фудбал. Пред се затоа што играат двата најдобри клубови според табелата.
Вардар во оваа битка влегува по шокантната елиминација во Купот од Охрид, и по ремито против Струга ТЛ во шампионатот на гостински терен. Од таборот на „црвено – црните“ велат дека по два меча без триумф, време е Вардар да се врати на победите.
„Денеска е дерби меч кој што може слободно да кажеме да го одлучи шампионатот. На истиот гледаме мора да се каже исто така како на секој друг натпревар. Додатна мотивација нема да биде потребна, дресот на Вардар е сам по себе мотивација за секого. Противникот е анализиран, се знае која е Шкендија. Максимално сме подготвени и фолкусирани на нивните јаки но и слаби страни кои што ќе се обидеме да ги искористиме. По два тешки мечеви, екипата е подготвена да се врати на победничките патеки и да заборави што се случуваше претходно. Денеска како и на секој меч одиме на победа, иако играме против одлична екипа како што е Шкендија“ – изјави Георгије Јанкулов.















