По поразот од Скопје минатото коло и тоа на сопствен терен, тимот на Шкендија Арачиново, еден од кандидатите за влез во ПМФЛ конкуренцијата, го промени тренерот.
Искусниот Љупчо Марковски Калц повеќе не е тренер на клубот од предградието на Скопје, а менаџментот на тимот веројатно во текот на денешниот ден, или утре ќе го именува неговиот наследник.










