Берат Имери на клупата на Шкендија (А)

156

Откако денеска и официјално ја завршија соработката со Љупчо Марковски – Калц, првите луѓе на второлигашот Шкендија Арачиново, го поставија новиот тренер на тимот. Станува збор за Берат Имери, кој важи за искусно тренерско име.

Имери последен пат беше на клупата на Беса, а во својата кариера еден период помина и на клупата на Воска Спорт.

Шкендија (А) оваа сезона во Втората лига се бори за пласман во елитата.

ПретходноВирц се враќа во дресот на Ливерпул за ФА Купот
СледноАБА 2: ТФТ поразен на гостувањето кај Јахорина