Пелистер после 13 одиграни кола во Лигата на шампиони освои шест бода, има две победи, две ремија и девет порази. Синоќа македонскиот тим го оствари она што се чинеше невозможно, на домашен терен, последен од Лигата на шампиони, одигра реми против големиот ПСЖ.
Капитенот Филип Кузмановски со 10 гола беше вистински лидер на теренот, иако дента имал температура и треска, сепак се одлучи да излезе против францускиот тим и да се бори до крај.
„После натпреварот во мислам дека самодовербата оди нагоретоа многу ќе ни значи во плеј-офот. Мислам дека располагаме со многу играчи, сите сме здрави тоа треба да радува. На секој натпревар одиме на победа. Кога играме на домашен тим, пред ваква прекрасна публика, нормално е дека ќе одиграш максимално. Можеби против Висла потфрливме, како колективно, така и индивидуално, но денес покажавме што навистина тренираме во последниот период. Треба повеќе верба. Целите на Пелистер секогаш се на високо ниво, во тоа веруваме, одиме чекор по чекор, треба цврсто да газиме по земја.
Кога ќе направиме анализа, можеби треба да жалиме што не искористивме неколку шанси на домашен терен. На пример мечот со ГОГ, ако го победевме на домашен терен, сезоната ќе беше поинаква, мислам дека ќе стигневме до осминафиналето, но треба да бидеме задоволни од она што го остваривме“, рече Кузмановски.










