Тотенхем е калибар за Чемпионшип, изгуби и од Кристал Палас

52
фото: Crystal Palace (X)

Фудбалерите на Тотенхем повторно ги разочараа своите навивачи и го загубија вечерашниот натпревар против Кристал Палас со 1:3. Со овој пораз екипата на Игор Тудор додатно се доближи до зоната за испаѓање. Оваа сезона е големо разочарување за клуб од калибарот на Тотенхем. Евидентно беше и незадоволството на навивачите кои уште на полувреме почнаа да го напуштаат стадионот на својот тим.

Тотенхем поведе во 34-тата минута преку Соланке, но само 4 минути подоцна Ван де Вен направи пенал и доби директен црвен картон со што ја најави пропаста за својот тим. Исмаила Сар го искористи пеналот и донесе изедначување за гостите, а во 46-тата и 52-та минута Ларсен и Сар целосно го свртеа резултатот и ставија точка на натпреварот. Второто полувреме беше формалност и немаше некои посериозни шанси.

Со оваа победа Кристал Палас се искачи на 13-тото место со 38 бода, а Тотенхем се наоѓа на 16-тото место со само 1 бод над опасната зона.

ПретходноСрбинот не е на радарот на Каталонците: Барса крена раце од Влаховиќ