Шампионот е главен и во Њујорк (ВИДЕО)

54

Предводени од Чет Холдгрем кој постигна рекорд на кариерата од шест постигнати тројки, тимот на Оклахома синоќа во рамките од новото коло од НБА лигата го победи тимот на Њујорк на негов терен со конечни 100:103. Вториот пик на драфтот стигна до 28 поени и 8 скокови, Гилџес Александер додаде свои 26 и осум асистентии.

Домаќинот имаше негатива, која успеа да ја анулира но не до крај. Оклахома поуспешна во финишот и заслужено дојде до нова победа.

Од друга страна пак, тимот на Шарлот стигна до шестата победа во низа. Овојпат поразен е тимот на Бостон со конечни 89:118. Во НБА кулоарите важи онаа убедување дека кога младиот тим на Шарлот е целосно здрав и на терен дека е и тоа како квалитетен состав, што се покажа и синоќа.

Рукито Кнепел стигна до 20 поени, Милер и Ламело Бол додадоа по свои 18 коша, додека Коби Вајт заврши со поен помалку и шест асостенции.

 

Резултати:

Њујорк – Оклахома 100 – 103

Бостон – Шарлот 89:118

Филаделфија – Јута 106:102

Мемфис – Портланд 114:122

Милвоки – Атланта 113:131

ЛАКлиперс – Индијана 130:107

ПретходноУбав гест: Битола не заборава – Мараш испочитуван со сите почести!
СледноКарик: Ова не беше наша ноќ