Димитријевиќ и Баерн ја победија Црвена Звезда во Белград

292
ФОТО: FC Bayern Basketball/X

Нашиот Ненад Димитријевиќ со единаесет постигнати поени успеа да му помогне на својот Баерн Минхен да дојде до вредна победа на гостински терен во Белград над Црвена Звезда во преполната Арена.

Конечниот резултат гласи 80:85 во меч во кој Црвена Звезда ни оддалеку не одигра како што знае на домашен терен и не помогна ниту стандардно пеколната атмосфера која што ја прават навивачите.

Баерн имаше контрола на резултатот од самиот старт, имаше и двоцифрена предност, но во еден момент Звезда на анулираше предноста на противникот и имаше можност да стигне до добар резултат но Баерн навреме се врати во игра.

Димитријевиќ покрај единаесетте поени забележа и четири скока и четири асистенции.

 

ПретходноМбапе финансира реконструкција на цело училиште во Камерун
СледноЕлмас погоди за Наполи во дуелот со Торино (ВИДЕО)