Ливерпул ја исполни задачата во ФА купот

104

Во рамките од 1/8 финалето од ФА купот на Англија, тимот на Ливерпул вечерва со 1:3 го елиминираше тимот на Вулверхемптон и на тој начин мина во следната фаза.

По првичните 0:0 на полувремето, Робертсто и Салах погодија во 51. односно 53. минута, за да потоа Џонс веќе направи 0:3.

Домаќинот утешно постигна погодок во судиското продолжение преку Хи Чан.

Со ова Ливерпул влезе во добар ритам пред дуелот од Лигата на Шампионите следната недела и е првиот четвртфиналист во ФА купот годинава.

 

 

ПретходноБаерн го декласира Гладбах на свој терен
СледноВалверде е спасителот на Реал против Селта