Лука Трпевски прогласен за најдобар играч на Црвена Звезда во генерацијата 2010

677

Младиот македонски интернационалец, кој што има и шведски пасош, Лука Трпевски, е прогласен за најдобар играч на белградска Црвена Звезда, во неговата генерација, таканаречената „2010“.

Офанзивецот кој што периодов сериозно е следен од стручњаците кај нашиот северен сосед, и кој што е споредуван со најголемите таленти кои што настапувале во „црвено – белиот“ дрес, има одлична година зад себе, па не е воопшто за изненадување наградата која што му е доделена од неговиот клуб.

Патем, истата му ја врачи ни помалку ни повеќе, туку некогашниот македонски селектор, и легенда на Црвена Звезда, Бошко Ѓуровски.

„Македонец за Македонец“ има работен наслов оваа фотографија која што секако заслужува внимание и ни ги грее срцата. Дека во Белград и натаму не ценат и не почитуваат, а за тоа говорат и неколкуте наши интернационалци покрај Трпевски кои што во моментов настапуваат за некогашниот Европски и светски првак.

Да, Трпевски настапи за репрезентацијата на Шведска У15 репрезентацијата пред извесно време но се надеваме дека навреме ќе го промени националниот дрес, и ќе настапува за Македонија.

 

ПретходноПелистер прв учесник на Ф4 во Купот на Македонија
СледноРакометарките под „полна пареа“ се подготвуваат за реваншот против Белгија