Ракометарките под „полна пареа“ се подготвуваат за реваншот против Белгија

159

Македонската женска ракометна репрезентација се врати од Белгија каде не успеа да дојде до првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.

Селекторот, Кристијан Грчевски не успеаја да ја задржат предноста која дури на момент изнесуваше и четири гола разлика, на крајот беа совладани со 26-25 за трет пораз во овие квалификации.

И натаму стои фактот дека Македонија мораше и мора да ја победи Белгија, која пак против „црвено-жолтите“ испиша историја за прва победа во едни квалификации.

Нашите ракометарки веќе утре имаат шанса за реванш и да покажат на дело дека се подобри од она што го видовме на последниот натпревар. Победа ќе значи дека може да се надеваат дека ќе се најдат во друштвото на четирите репрезентации кои ќе имаат најдобар пласман на третото место во своите групи.

Натпреварот со Белгија се игра утре во салата во Куманово со почеток во 17 часот, а нашите ракометарки на големо се подготуваат и се надеваат на победа.

ПретходноЛука Трпевски прогласен за најдобар играч на Црвена Звезда во генерацијата 2010
СледноУО на ФФМ: Усвоен Деловникот за работа на Редовното Генерално собрание