Управниот одбор на Фудбалската Федерација на Македонија на денешната редовна седница ги донесе следните одлуки, а кои што се однесуваат на неколку важни теми.
Усвоен е предлог Деловникот за работа на Редовното Генерално собрание на ФФМ, кое ќе се одржи на 21 март 2026 година.
Покрај тоа усвоени се и извештаите од постојаните комисии и одбори на ФФМ.
Сите одлуки од денешната седница на Управниот одбор на ФФМ ги имате во продолжение:
– У.О. на ФФМ го усвои предлог Деловникот за работа на Редовното Генерално собрание на ФФМ, кое ќе се одржи на 21 март 2026 година.
– У.О. на ФФМ ги усвои извештаите од постојаните комисии и одбори на ФФМ.
– У.О. на ФФМ го усвои Извештајот од Надзорниот одбор на ФФМ.
– У.О. на ФФМ ги усвои извештаите за работата на правните органи и лиценцните тела за сезоната 2024/2025.
– У.О. на ФФМ го усвои извештајот од администрацијата на ФФМ за исполнување на Стратегискиот план за 2025 година.
– Управниот одбор ја усвои Завршната сметка на ФФМ, која ќе биде доставена со материјалите за претстојното Редовно Генерално собрание и извештајот од независниот ревизор за 2025 година.
– У.О. на ФФМ го усвои Дневниот ред за Редовното Генерално собрание на ФФМ, кое ќе се одржи на 03.2026 година.










