„Атлетик“ пишува дека поранешниот сопственик на Њукасл, Мајк Ешли, ќе упати понуда за купување на Шефилд Венздеј. Администраторите на клубот кој е во банкрот очекуваат да добијат конечни понуди пред викендот, а се верува дека Мајк Ешли и американскиот бизнисмен Дејвид Шторч се фаворити за купување на клубот.
Според „Атлетик“, Ешли веќе доставил понуда за Шефилд Венздеј, а сега се очекува нова. Првата понуда наводно била 20 милиони фунти. Ешли, кој е сопственик на спортските продавници „Спортс дајрект“, претходно покажа интерес и за купување на Дерби Каунти, Ковентри и Рединг ФК.
Тој беше сопственик на Њукасл 14 години пред да го продаде клубот во октомври 2021 година на конзорциум во кој беше вклучен и Јавниот инвестициски фонд од Саудиска Арабија. Шефилд Венздеј финансиски колабиран, веќе испадна од Чемпионшип лигата.










