Мароканците на три месеци до СП 2026 го сменија селекторот

92
фото: Fabrizio Romano (X)

Мароканската фудбалска федерација објави дека Валид Реграги поднесе оставка од функцијата селектор на националниот тим.

50-годишниот специјалист ја напуштил репрезентацијата по поразот во финалето на Африканскиот куп и е во преговори со клубови од Премиер лигата и Ла Лига. Мохамед Уаби, кој претходно ја водеше репрезентацијата на Мароко до 20 години е назначен за нов селектор на мароканската репрезентација.

На Светското првенство во 2026 година, кое започнува за три месеци, Мароко ќе игра во истата група со Бразил, Шкотска и Хаити.

ПретходноГолот на Манасков за реми против ПСЖ во изборот на најубавите во ЛШ (ВИДЕО)
СледноДовчерашниот газда на Њукасл тргна да го купува Шефилд Венздеј