Мбапе финансира реконструкција на цело училиште во Камерун

51

Иако Килиан Мбапе е роден, израснат и живе најголемиот дел од својот живот во Франција, сепак, никогаш не ги има заборавено своите корени во Африка. Поточно во Камерун, откаде е неговиот татко.

Мега фудбалската звезда одлучи да финансира цела реконструкција на училиште во Камерун, поточно во Бонендал, град сместен во регионот Бонабери на периферијата на економската престолнина Дуала.

Ова секако дека во локалната заедница е прифатено со воодушевување, затоа што реално вакви нешто во рурална Африка ретко се случуваат.

ПретходноГазета: Милан ќе му даде нов договор на Алегри
СледноДимитријевиќ и Баерн ја победија Црвена Звезда во Белград