Перо Антиќ повторно во фокусот на Евролига (ВИДЕО)

373

Поранешниот македонски репрезентативец и прв човек на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ повторно е во центарот на вниманието во Европа. Евролига овој пат направи интересни видео-записи со легендарниот кошаркар, а тема беше доделување на билети за Ф4 завршницата, но не изостана и прашањето кој се неговите фаворити за пласман во последната фаза за битка за титулата.

Не е изненадување што ги смести неговите омилени тимови: Фенербахче, Црвена Звезда и Олимпијакос, но изненадување е што меѓу нив е Монако.

Видео-записот беше интересен бидејќи Антиќ беше во берберница потсетувајќи на деновите кога го доби облогот со Џиџи Датоме и сам му ја скрати косата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EuroLeague (@euroleague)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EuroLeague (@euroleague)

Антиќ има две титули во Евролига со Олимпијакос и Фенербахче.

ПретходноРоналдо се спакувал – мора да оди во Мадрид
СледноПелистер прв учесник на Ф4 во Купот на Македонија