Селекцијата до 17 години поразена во дуелот против Северна Ирска

140

Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години во решавачкиот дуел за првото место во групата совладана е од Северна Ирска со 3:0.

Серијата погодоци ја отвори Еби Смит во 12. минута. Во 26. Емили Ликок зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Ана Робинсон во четвртата минута од судиското надополнување во второто полувреме.

 

Составот предводен од Катерина Милеска на крајот го освои второто место на турнирот што се одржа во Струмица. Нашите надежи по победите над Грузија и Луксембург настапот го заврши со шест бода веднаш зад селекцијата на Северна Ирска, која ја продолжува битката за пласман на завршницата од Европското првенство.

МАКЕДОНИЈА: Евгенија Вељановска, Нановска, Мицовска, Алиеска, Фида, Велиновска (Лазеска 61), Ивковиќ, Пецева (Стојанова 85), Цветковска (Мерко 85), Наумоска (Мацевска 61), Спасовска (Бала 46).

Во вториот натпревар од групата Грузија и Луксембург играа без голови.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Јетон Беќири (Шкендија)
СледноСмилковски му се извини на МЗТ Скопје