Нема дилеми дека кога ќе постигнеш победнички гол во едно мега – дерби, а притоа ќе одиграш навистина добро, тогаш си и играч на колото. Па така според “СпортСпорт“, напаѓачот на Шкендија, Лиридон Љатифи е играч на ова 21.коло. По асистенцијата на Бесарт Ибраими, во таа 66.минута токму Љатифи стрелаше во мрежата на Вардар и на лидерот му го нанесе првиот пораз по 40 меча и прв пораз во тековниот шампионат.
Покрај него во тимот на колото се и Гаје, Фетаи, Рамадани, Трумчи и Ибраими (Шкендија), Луковиќ (Брера), Најдовски, Лучиано и М. Стојанов (Тиквеш) и Гереро (Македонија ЃП).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ЛИРИДОН ЉАТИФИ
Тим: Шкендија
Роден: 06.02.1994 во Приштина (Косово)
Кариера: Приштина, Скендербег, Кукс, Пушкаш, Шериф Тираспол, Влазнија, Тирана, Шкендија















